АВОН Историјат

AVON

Првите почетоци на AVON датираат од далечната 1886 година кога David Mc Connell ја основал Компанијата California Perfume и ги поставил првите темели и принципи на директната продажба, на своја 28 годишна возраст.

Успехот го постигнал со помош на првиот генерален агент, г-ѓа.P.F.Albee, која и денес е запаметена како првиот светски AVON претставник и менаџер. Развивајки се следните 125 години новоимената Avon Cosmetics компанија доживува голем подем и пораст.

Постепено со раѓањето на се поквалитетни и поспецифични козметички производи се раѓа убавината на AVON, и ние денес ја имаме насекаде и во изобилство - колку што ќе посакаме!! А вие се што треба да направите е да ја испружите раката и да земете дел од убавината само за вас. Нели е едноставно?

АВОН во светот

Со седиште во Њујорк, Авон ги продава своите производи на жените во шест региони и тоа: Азија, Централна и Источна Европа, Кина, Латинска Америка, Северна и Западна Европа, Средниот Исток и Африка.

Авон е козметичка компанија основана 1886 година, 34 години пред жената да го добие правото на глас во Америка, застапена во над 100 земји во светот со над 6 милиони претставници. Квалитетот, името и традицијата на АВОН е позната насекаде па така да може со сигурност да кажам дека АВОН е компанија број еден како на глобално ниво така и во Македонија. Со самото тоа што козметиката е 10 години застапена кај нас, а интересот сеуште расте, се потврдува дека козметичките производи на АВОН се непрестижни, професионални, крајно конкурентни и влегуваат во најпродаваните производи во светот.

Многу задоволни клиенти и претставници тоа го потврдуваат со самата употреба и продажба на истите производи кои секојдневно се усовршуваат со најнови технологии. Благодарејќи на иновациите на хемичарите во хемиската лабораторија на АВОН, фреквентно се усовршуваат и патентираат нови и квалитни производи кои стручно се изразени и објаснети на сите љубители на новата незаменлива технологија за одржување на кожата, за подмладување и замена на природните состојки, природен изглед и пред се убавина.

АВОН исто така е хуманитарна организација која има посебни програми за помош, осамостојување, социјализација и заштита на жените во целиот свет. АВОН е најголемата корпорација што ја поддржува Борбата Против Ракот на Дојката, Кампањите Против Домашно Насилство формирана 2004 година, и многу други програми за помош низ целиот свет.

Со користење и продажба на производите од програмата на "Розова Панделка" вклучени во брошурата, ќе земете лично учество во хуманитарната акција за борба против ракот на дојка - "AVON Crusade".

Станете дел од најголемата компанија за директна продажба на козметика во светот, бидете самовработени, и работете на начин како Вие што сакате... Приклучете се како претставник и продавајте на вашето семејство, пријатели или колеги од работа. Можете да ги купите производите на Avon со намалени цени, за себе, плус ние ќе Ви покажеме некој начин да добиете некои производи бесплатно. Приклучете се на над 6 милиони независни жени низ целиот свет. Заработете пари со свој начин на продажба на високо квалитетна козметика кои производи не се достапни во продавниците.

Накратко:

  • Авон се вклопува со Вас и Вашиот начин на живот
  • Авон е флексибилна, гламурозна, возбудлива, и благодарна компанија
  • Авон е одличен начин да запознаете нови луѓе
  • Авон е водечка во светот за директната продажба на козметика и сродни производи
  • Авон продава убавината на жените во над 100 земји
  • Авон е еден од најпознатите брендови за козметика во земјава
  • Авон нуди 100 отсто гаранција за враќање на парите
  • Авон е првата козметичка компанија која што престана со тестирање врз животни